На графикот е прикажан бројот на дипломирани студентки и студенти за секоја година соодветно во периодот од 2000та до 2014та година во Република Македонија.
Бројот на дипломирани студентки на додипломски студии во Република Македонија е постојано поголем од бројот на дипломирани студенти, со најголема разлика во 2008-та година кога дипломирале 6 389 студентки и 4 249 студенти, односно скоро 2000 повеќе студентки од студенти.
Овие бројки се интересни кога ќе се споредат со
работоспособните неактивни,
работоспособните вработени и
долгорочно невработените жени, кои се со високо образование со сите категории и каде секогаш се во помал број од мажите, но и со
запишаните на додипломски студии каде доминираат жените.
Податоците се извадени од студијата „Жените и мажите во Република Македонија 2014-2015“ која користи податоци од повеќе истражувања на ДЗС како што се: Анкета за работна сила, Анкета за користење на времето, Статистика за социјална заштита, Статистика за криминалитет, Витална статистика и миграции, Статистичко истражување за основното средното и високото образование, Попис на население 2002 и други.