Стапка на вработеност на населението по возрасни групи

Во графикот се прикажани стапките на невработеност по возрасните групи од 15 до 24, од 25 до 49, од 50 до 64 и 65+ години.

Графикот овозможува споредување на различните возрасни групи по пол со исклучување преку можноста на гасење на оние категории што не ве интересираат.

Важна напомена: Графикот ги покажува сумарно стапките на вработеност по возрасна категорија во дадениот пол, но тоа не претставува вкупна стапка на вработеност (бидејќи таа не може да биде над 100). Целта на графикот е да овозможи споредба по возрасни категории.

Примероците за Анкетите за работна сила, кои се основа за податоците, се дизајнирани како стратифицирани, ротационени, двоетапни случајни примероци. Анкетата се спроведува во вкупно 11250 домаќинства годишно, од кои 8750 домаќинства се анкетираат двапати во текот на годината, а 2500 домаќинства еднаш во текот на годината.

Ученици во основните училишта во Република Македонија по учебни години

На графикот се претставени бројот на ученички и ученици во временскиот период од 2000 до 2015.

Податоците укажуваат на фактот дека се помалку деца се дел од основното училиште, со исклучок на малиот пораст во 2015. Тоа се должи на намалувањето на живородени во Република Македонија. Тоа говори во полза на теоретичарите кои ја застапуваат теоријата дека Република Македонија се повеќе станува стара држава, во смисла на просечните години на населението.

Намалувањето на децата во основнот образование е подеднавко и кај двата пола, но секогаш запишаните девојчиња се помалку за просечно 8000 лица. Слична ситуација се забележива и кај бројот на запишани во средно училиште.

Ученици во средните училишта во Република Македонија по учебни години

Во средните училишта во Република Македонија во периодот од 2000 до 2015 година во секоја учебна година се забележува поголем број на запишани ученици од ученички, а разликата помеѓу запишаните е најголема во учебната 2006/2007 година, кога се запишале 50 193 ученици и 44 352 ученички, односно 5 787 ученици повеќе од ученички.

Иако тенденцијата за поголем број на ученици во средните училишта во секоја учебна година е константна во споредба со оној на ученичките, интересно е тоа дека овaa тенденција не се забележува кај оние што го продолжуваат образованието на факултетите во Македонија. Имено, во периодот од 2000 до 2014 година во Македонија се забележува константно поголем број на студентки запишани на додипломски студии во споредба со оној на мажите.

Податоците се извадени од студијата „Жените и мажите во Република Македонија 2012“ која користи податоци од повеќе истражувања на ДЗС како што се: Анкета за работна сила, Анкета за користење на времето, Статистика за социјална заштита, Статистика за криминалитет, Витална статистика и миграции, Статистичко истражување за основното средното и високото образование, Попис на население 2002 и други.

Запишани студенти на додипломски студии во Република Македонија

Во периодот од 2000 до 2014 година во Македонија се забележува пораст на бројот на запишаните студенти на додипломски студии (со мало намалување по 2010 година), а забележителна е разликата помеѓу половите - низ годините бројот на запишаните жени студенти е константно поголем (во просек за 5000) од оној на запишаните мажи студенти. Најголема разлика се забележува во 2003 година, кога на факултетите се запишале 26505 студентки и 19965 студентки, односно 6540 студентки повеќе од студенти.

Растечката тенденција кај жените студенти се забележува и кај дипломираните студенти. Овие бројки се интересни кога ќе се споредат со , работоспособните вработени и долгорочно невработените жени, кои се со високо образование со сите категории и каде секогаш се во помал број од мажите.

Податоците се извадени од студијата „Жените и мажите во Република Македонија 2012“ која користи податоци од повеќе истражувања на ДЗС како што се: Анкета за работна сила, Анкета за користење на времето, Статистика за социјална заштита, Статистика за криминалитет, Витална статистика и миграции, Статистичко истражување за основното средното и високото образование, Попис на население 2002 и други.

Дипломирани студенти на додипломски студии во Република Македонија

На графикот е прикажан бројот на дипломирани студентки и студенти за секоја година соодветно во периодот од 2000та до 2014та година во Република Македонија.

Бројот на дипломирани студентки на додипломски студии во Република Македонија е постојано поголем од бројот на дипломирани студенти, со најголема разлика во 2008-та година кога дипломирале 6 389 студентки и 4 249 студенти, односно скоро 2000 повеќе студентки од студенти.

Овие бројки се интересни кога ќе се споредат со работоспособните неактивни, работоспособните вработени и долгорочно невработените жени, кои се со високо образование со сите категории и каде секогаш се во помал број од мажите, но и со запишаните на додипломски студии каде доминираат жените.

Податоците се извадени од студијата „Жените и мажите во Република Македонија 2014-2015“ која користи податоци од повеќе истражувања на ДЗС како што се: Анкета за работна сила, Анкета за користење на времето, Статистика за социјална заштита, Статистика за криминалитет, Витална статистика и миграции, Статистичко истражување за основното средното и високото образование, Попис на население 2002 и други.