Родот и младите

Вклучувањето и ангажирањето на младите во промоцијата на родовата еднаквост е особено значајно затоа што една четвртина од населението на Македонија е на возраст под 29 години. Младите денес се подобро позиционирани и имаат пристап до повеќе можности од претходните генерации, особено пристап до информации, технологија и образование. Иако младите можат да бидат двигатели на развојот и промените, тие сепак се често социјално исклучени и остануваат недоволно искористени како агенти на промени.

Родовите стереотипи се идентификувани како главна пречка за унапредување на родовата рамноправност, бидејќи тие ги овековечуваат стереотипните перцепции за машкоста и женственоста, што во суштина ги ограничува потенцијалите на жените и мажите. Стереотипите се вградени во културните, традиционалните и верските вредносни системи и им се пренесуваат на младите преку многу канали, вклучувајќи ги и нивните семејства, врсници, образовните системи и медиумите. Затоа сметаме дека е особено важно да се промовираат податоци кои укажуваат на еднаквоста меѓу девојките и момчињата како и да се идентификуваат области каде нееднаквоста е присутна дури и кај младите.