Ученици-студенти сместени во домови-интернати

Во графикот е прикажан бројот на ученици и студенти сместени во домовите/интернатите низ Република Македонија.

Од прикажаните податоци произлегува дека од 2000 година до 2013 година машките ученици и студенти се константно побројни во домовите иако во бројот на запишани студенти и студентки на додипломски студии бројот на запишани студенти и студентки на додипломски студии доминираат студентки. За споредба, во бројот на запишани средношколци и средношколкибројот на запишани средношколци и средношколки доминираат средношколците.

Според вас, која е најчестата реакција на луѓето кои се сведоци на насилство врз жени на јавни места

На графикот се претставени одговорите на прашањето: „Според вас, која е најчестата реакција на луѓето кои се сведоци на насилство врз жени на јавни места?“

Нешто повеќе од половина од испитаничките изјавиле дека најчестата реакција при напад врз жена ќе биде помагање, но загрижува фактот што повеќе од една четвртина од испитаничките изјавиле дека другите на јавниот простор само ќе забележат но нема да реагираат.

Наодите се базирани на резултатите од теренски интервјуа во 4 општини на пригоден примерок од 800 жени на возраст над 16 години. (по 400 во секоја општина).

Факторите кои влијаат на личната безбедност на жените на јавен простор

На графикот се претставени одговорите на прашањето: „Kои од факторите наведени подолу влијаат на вашата лична безбедност на јавен простор?“

Како фактори кои влијаат на нивната лична безбедност на јавен простор, жените во Скопје ги навеле: да си жена 38%, да си сама (без придружник) 36%, за 27% облеката претставува фактор, а за 25% да си на одредена возраст претставува фактор.

Наодите се базирани на резултатите од теренски интервјуа во 4 општини на пригоден примерок од 800 жени на возраст над 16 години. (по 400 во секоја општина).

Kои од факторите наведени подолу влијаат на вашата лична безбедност на јавен простор

На графикот се претставени одговорите на прашањето: „Kои од факторите наведени подолу влијаат на вашата лична безбедност на јавен простор?“

Како фактори кои влијаат на нивната лична безбедност на јавен простор, жените во Скопје ги навеле: да си жена 38%, да си сама (без придружник) 36%, за 27% облеката претставува фактор, а за 25% да си на одредена возраст претставува фактор.

Наодите се базирани на резултатите од теренски интервјуа во 4 општини на пригоден примерок од 800 жени на возраст над 16 години. (по 400 во секоја општина).

Вработени во јавните установи за згрижување и воспитание на деца

На графикот се прикажани податоци од годишното истражување за јавните установи за згружување и воспитување на деца на Државниот завод за статистика од 2011. Прикажан е вработениот кадар поделен по категории, меѓу кои и раководниот кадар во градинките низ државава.

Како што може да се види од графикот, во детските градинки преовладува женскиот работен кадар во огромни размери и тоа во сите категории, вклучително и раководниот каде соодносот на жени раководителки према мажи раководители е дури 10:1.

Што се однесува до воспитниот и згрижувачки кадар, разликите се толку големи што може да се заклучи дека згрижувањето и воспитувањето на деца во јавните установи е речиси исклучиво работа за жени.