Преглед на буџетот за програма за подготовка за вработување

На графикот процентуално се преставени жени и мажи како корисници на обуки, преквалификации, пилот обуки и др.

Впечатливо е тоа што во првите две категории на обуки жените се значително позастапени со 79.4% и 70.4%, а во последната категорија (пилот обуки) нема ниту една жена.

Преглед на буџетот за програма за подготовка за вработување е анализа на активните политики на вработување и социјалната заштита, која е иницирана со цел да се утврди степенот на вклученост на родовите аспекти во активните политики.

Преглед на просечните исплатени средства за социјална парична помош

Во графикот е претставен преглед на бројот на примачи на социјална парична помош за домажинства. Социјалната помош за домаќинства ја прима носителот на домаќинството. Како што се гледа од графикот, во најголемиот број социјално загрозени домаќинства, носителот и примач на средствата е маж.

За точната сума на денари исплатена како социјална парична помош на истиов график изберете визуелизација столб (во долниот лев агол од графикот).

Вработени инвалиди во организации за професионална рехабилитација

На графикот е прикажан бројот на вработени инвалиди во организации за професионална рехабилитација.

Како што може да се види од графикот, многу поголем број на мажи инвалиди се вработени во организациите за професионална рехабилитација. Исто така, додека нивниот број со текот на годините константно расте (со повремени падови), бројот на жени инвалиди е константен, и иако доживува позначајни падови во одредени години (паѓа под почетниот број), во текот на една декада е речиси непроменет.

Податоците за малолетни и полнолетни корисници и форми, мерки и услуги на социјалната заштита се прибираат со редовно годишно истражување, со состојба од 1 јануари до 31 декември 2011 година.

Број на пензионери и пензионерки во Р. Македонија

На графикот е прикажан бројпт на пензионери и пензионерки во Р. Македонија. Како што може да се види, право на пензија имаат остварено многу поголем број мажи отколку жени.

Корисници на социјална заштита 2014

На графикот е претставен бројот на малолетните и полнолетните корисници на социјална заштита во Р. Македонија. Социјална заштита примаат лицата со загрозени семејни прилики, лица со нарушување во однесувањето и личноста, лица попречени во психичкиот или физичкиот развој, како и материјално и социјално загрозените лица.

Од графикот се гледа дека поголем број мажи од жени користат социјална заштита и кај полнолетните и кај малолетните лица.