Застапеноста на жените во општинските совети според регион

Графикот кој е поделен според регионите на Република Македонија, го покажува процентот на жени советнички и мажи советници во општинските совети. Просечна застапеност на жени советнички низ регионите на Македонија е 31.16%, во споредба со застапеноста на мажи советници која е двојно поголма, и е во просек 68.85 %.
Според податоците прикажани на графикот, може да се забележи ниската вклученост на жените во носењето на одлуки во единиците на локалната самоуправа.

Кандидати и избрани членови во општинските совети (локални избори 2009 и 2013)

На графикот се презентирани кандидати и кандидатки и избрани членови во општинските совети на локалните избори во 2009 и 2013 година. Како што може да се види од графикот застапеноста на жените е помала и кај кандидатите и кај избраните советници.

Во 2009 се забележуваат речиси двојно повеќе кандидати во споредба со кандидатки, додека кај избраните советници разликата е речиси три пати поголема.

Во 2013 има речиси двојно повеќе кандидати во споредба со кандидатки, но се забележува и пораст кај бројот на избрани советнички. Додека бројот на советнички во 2013 е зголемен во споредба со 2009 , сепак бројот на советници е повеќе од два пати поголем од бројот на избрани советнички.

Важна забелешка: Податоци за родовата поделеност на кандидатите и кандидатките и избраните советници и советнички на локалните избори во Македонија се јавно достапни само за 2009 и 2013 година. Податоци за родовата поделеност на кандидати и избрани советници од 2013, се добиени од сите општини со исклучок на општина Кисела Вода, Крива Паланка, Липково и Могила.

Кандидати, кандидатки и избрани градоначалници и градоначалнчки на локални избори 1996 - 2013

На графикот е претставен бројот на кандидати, кандидатки како и избрани градоначалници и градоначалнички на локалните избори во Македонија од 1996 до 2013 година.

Како што може да се види од графикот, мажите доминираат и кај кандидатите и кај избраните градоначалници во огромна мера. Најмалата разлика меѓу кандидирани мажи и жени се случува на последните избори од 2013 година кога наспроти 323 кандидати за градоначалници конкурирале 29 кандидатки за градоначалнички (тоа е 12 пати повеќе мажи).Најголемиот број на избрани градоначалнички се случува токму таа година каде градоначалнички мандати добиваат 4 жени (наспроти 76 мажи, што е точно 19 пати повеќе градоначалници од градоначалнички).

Во историјата на независна Македонија на сите избори има повеќе избрани (машки) градоначалници отколку женски кадидати, а на два наврати (и во 1996та и во 2009та) ниту една жена не била избрана за градоначалничка.

За полема прегледност на избраните градоначалници и градоначалнички исклучете ги категориите „кандидати мажи“ и „кандидати жени“.

Застапеност на жените и мажите во државните органи

На графикот се прикажани податоци превземени од истражување на Народниот првобранител за застапеноста на жените и мажите во државните органи и организации во 2010 година.

Како што може да се види од графикот најголем работодавач во државната администрација се министерствата, каде се вработени (повеќе од) три пати повеќе мажи отколку жени. За поголема прегледност на соодносот во останатите државни органи, изберете репрезентација „столб“ во долниот лев агол на графикот (каде посебните категории на државни органи можат да се исклучуваат).

Важна забелешка: Иако обемни, податоците од ова истражување не се целосни, односно добиени се (и обработени) податоци од вкупно 628 органи, организации и институции. Дел од органите доставиле делумни податоци на поставените прашања. За детали погледнете ја методологијата на истражувањето.

Нееднаквоста во застапеност на мажите и жените во државната администрација е исто така очигледна и на раководните позиции во државните органи:Застапеност на жените и мажите во државните органи на раководни работни места

Застапеност на жените и мажите во државните органи на раководни работни места

На графикот се прикажани податоци превземени од истражување на Народниот првобранител за застапеноста на жените и мажите на раководни места во државните органи и организации во 2010 година.

Како што може да се види од графикот најголемата разлика во застапеност на раководни позиции се наоѓа кај најголем работодавач во државната администрација, односно во министерствата. За поголема прегледност на соодносот во останатите државни органи исклучете ја категоријата „министерства“.

Важна забелешка: Иако обемни, податоците од ова истражување не се целосни, односно добиени се (и обработени) податоци од вкупно 628 органи, организации и институции. Дел од органите доставиле делумни податоци на поставените прашања.

Нееднаквата застапеност на мажите и жените не е присутна само на раководните позиции туку и во вкупниот број на вработени во државните органи: Застапеност на жените и мажите во државните органи