Жените и мажите во Република Македонија [2012]

Апстракт

Публикацијата „Жените и мажите во Република Македонија“, подготвена од страна на Државниот завод за статистика претставува презентирање на нови содржини кои ќе ви овозможат да добиете слика за демографските карактеристики на жените и на мажите во Република Македонија, како и нивната застапеност во социјалниот и економскиот живот на земјата.

Еднакви можности на мажите и на жените по достоинство и право значи промовирање на начелото за воведување на еднакво учество на жените и на мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор, еднаков статус и третман во остварувањето на сите права и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултатите произлезени од тој развој (член 4(1) од Законот за еднакви можности на жените и на мажите).

Методологија

Публикацијата Жените и мажите во Република Македонија претставува годишен зборник на Државниот завод за статистика кој прикажува податоци за состојбата на жените и мажите во Република Македонија, нивното учество во образованието, правосудството, културата, социјалната заштита и во други области. Публикацијата исто така содржи индикатори за статусот на жените и на мажите во формалната и во неформалната вработеност, но и за нивното учество во процесот на одлучување.

Оваа публикација се заснова на репрезентативни податоци на Државниот завод за статистика добиени од повеќе истражувања и публикации како Анкета за користење на времето, Статистика за социјална заштита, Статистика за криминалитет, Витална статистика и миграции, Статистичко истражување за основното средното и високото образование, Попис на население 2002 и други, а најголемиот дел на податоци се од истражувањето Анкета за работна сила

Визуелизирани податоци за истражувањето