На графикот се претставени податоци за тоа колку мажите и жените користат мобилен или паметен телефон. Повеќето од луѓето користат мобилен или паметен телефон и тоа 66% од жените и 70.7% од мажите. Разликата е позначајна кога станува збор за употреба на мобилен или паметен телефон за професионална намена, односно 9.7% од жените наспорти 18.9% од мажите користат мобилен или паметен телефон за професионална намена.
Податоците се извадени од студијата „Жените и мажите во Република Македонија 2012“ која користи податоци од повеќе истражувања на ДЗС како што се: Анкета за работна сила, Анкета за користење на времето, Статистика за социјална заштита, Статистика за криминалитет, Витална статистика и миграции, Статистичко истражување за основното средното и високото образование, Попис на население 2002 и други.