Број на абортуси во Македонија

На графикот се претставени податоци за вкупниот број абортуси во Македонија од 2000 до 2012 година. Како што може да се забележи, бројот на извршени абортуси е во континуирано опаѓање, но сепак постојат одредени флуктуации. Во 2000 година биле извршение 11407 абортуси, а во 2003 година оваа бројка опаднала на 6690. Во 2004 има благ пораст и достигнува 7324, но потоа повторно има тренд на опаѓање се до 2010 година, кога бројката на извршени абортуси е 5078. Во наредните години бројот на абортуси се зголемува, но не драстично, па така во 2012 година изнесува 5387.

Податоците за бројот на извршени абортуси се добиени од Институтот за јавно здравје на РМ, преку анализа на нивни публикации и податоци добиени преку барања за пристап до информации од јавен карактер.