Инциденца на диабетес

Прикажаните податоци го претставуваат бројот на мажи и жени заболени од дијабетес за периодот 1996 - 2006.

Лица лекувани од алкохолна психоза

Во графикот се претставени бројките на жени и мажи кои се лекувани од алкохолна психоза. Алкохолна психоза најчесто е предизвикана од апстиненција од алкохол кај лицата зависници од алкохол.

Податоците ни укажуваат дека со текот на годините се намалува бројот на мажи лекувани од алкохолна психоза, а пак кај жените се зголемува. Сепак и покрај ваквиот тренд, жените десет пати помалку се лекувани од алкохолна психоза од мажите.

Преку мрежата на 10-те центри за јавно здравје во државата и преку анкетни истражувања спроведени од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, во 2010 и 2011 година беа собрани податоци за состојбата со капацитетите на здравствените установи на сите нивоa на здравствена заштита и тоа: на ниво на населено место, на ниво на здравствена установа, на ниво на примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита.

Очекувана должина на живот и здрави години

Табелата ни укажува на просечните животни години и просечниот број на здрави години. Можеме да заклучиме дека жените и во 1990 и во 2010 жените живеат подолго, а и имаат повеќе здрави години.

Од 1990 до 2010 просечните животни години се зголемил за нешто помалку од четири години кај жените, додека пак здравите години се зголемуваат за три години. Кај мажите е слично како и кај жените, кај просечните животни години се зголемил за четири години, додека пак кај здравите години зголемувањето изнесува нешто помалку од три години. Можеме да забележиме дека нема разлика во зголемувањето на двете категории. Затоа, пак, забележуваме разлика во просекот на должина на живот и здравите години. Жените во 1990 живееле просечно 73.3 години, додека во 2010 живееле просечно 77.2 години. Кај жените просечни здрави години во 2010 се 65.4, а во 1990 просечни здрави години изнесувале 62.1. Кај мажите просечните животни годни во 2010 биле 73.3, а во 1990 просекот е 68.7 години. Просек на здрави годнини кај мажите во 2010 се 62.8 годни, додека во 1990 просекот бил 59.5 години.

Лица заболени од диабетес

На графикот е прикажан бројот на евидентирани лица заболени од диабетес за периодот 1997 - 2006, според полот.

Бројот на евидентирани лица заболени од диабетес е во постојан пораст: од 9701 лице во 1997 имало, до 28137 во 2006 година, зголемување од 190%. Исто така може да се забележи дека жените се почесто подлежни на оваа болест.

Преку мрежата на 10-те центри за јавно здравје во државата и преку анкетни истражувања спроведени од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје редовно се собрани податоци за состојбата со капацитетите на здравствените установи на сите нивои на здравствена заштита и тоа: на ниво на населено место, на ниво на здравствена установа, на ниво на примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита.

Лица лекувани во психијатриски центри

На графикот е прикажан бројот на лекувани болни од ментално заболување во психијатриските центри за периодот 1998 - 2012 година, според полот.

Иако постојат осцилации во одредени години, бројот на лекувани лица во психијатриските се зголемува до 2007, од кога има тенденција на намалување. Забележливо е дека во секоја од годините има повеќе мажи лекувани во психијатриските болници отколку жени.

Податоците се собрани преку мрежата на 10-те центри за јавно здравје во државата и преку анкетни истражувања за состојбата со капацитетите на здравствените установи на сите нивоa на здравствена заштита, спроведени од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје во 2010 и 2011 година .