Вработени инвалиди во организации за професионална рехабилитација

На графикот е прикажан бројот на вработени инвалиди во организации за професионална рехабилитација.

Како што може да се види од графикот, многу поголем број на мажи инвалиди се вработени во организациите за професионална рехабилитација. Исто така, додека нивниот број со текот на годините константно расте (со повремени падови), бројот на жени инвалиди е константен, и иако доживува позначајни падови во одредени години (паѓа под почетниот број), во текот на една декада е речиси непроменет.

Податоците за малолетни и полнолетни корисници и форми, мерки и услуги на социјалната заштита се прибираат со редовно годишно истражување, со состојба од 1 јануари до 31 декември 2011 година.

Болнички морбидитет

На графикот се прикажани податоци за бројот на лица заболене со одредени болести, според полот.

Како што може да се забележи, кај три од петте групи на болести (болести на циркулаторниот систем, на респираторниот систем и дигестивниот систем) има повеќе заболени мажи од жени. Кај одредени болести, како оние на циркуларниот систем, има 16% помалку заболени жени од мажи.

Кога станува збор за неоплазмите и болестите на генитоуринарниот систем, може да се констатира дека има повеќе заболени жени од мажи. Впечатливо е тоа што кај болестите на генитоуринарниот систем има дури 34% повеќе заболени жени од мажи.

Застапеност на жените и мажите во здравствени установи на раководни работни места

На графикот се прикажани податоци за бројот на мажи и жени на раководни места во здравствените установи, преземени од истражување на Народниот првобранител за застапеноста на жените и мажите во државните органи и институции во 2010 година.

Како што може да се види од графикот на раководните позиции во здравстените установи на Македонија, со исклучок на специјалните болници, жените се позастапени од мажите.

Важна забелешка: Иако обемни, податоците од ова истражување не се целосни, односно добиени се (и обработени) податоци од вкупно 628 органи, организации и институции. Дел од органите доставиле делумни податоци на поставените прашања.

Доминацијата на жените во здравствените установи е уште поизразена кај вкупниот број на вработени во здравствените установи.

Застапеност на жените и мажите во здравствени установи

Графикот ја претставува застапеност на жените и мажите во здравствени установи за 2011 година. Жените се позастапени во сите здравствени институции, а најголема разлика има во здравствени домови, заводи и институти каде што застапеноста не жените е 76%. Види сличен график: Застапеност на жените и мажите во здравствени установи на раководни работни места

Важна забелешка: Иако обемни, податоците од ова истражување не се целосни, односно добиени се (и обработени) податоци од вкупно 628 органи, организации и институции. Дел од органите доставиле делумни податоци на поставените прашања.

Број на гинеколози во Р.М.

На графикот се прикажани податоците за бројот на гинеколози во Република Македонија од 1998 до 2012.

Достапноста до здравствена нега за жените често претставува проблем, особено во руралните средини каде што често единствениот гинеколог е двоцифрени километри одалечен од местото на живеење на жените. За поздравување е фактот што расте бројот на гинеколози, но фалат подетални податоци за поделеноста на гинеколозите по урбани и рурални средини.