Родот и здравјето

Родовите норми и вредности во едно општество, можат негативно да влијаат на здравјето. Така на пример, во општества во кои е распространето и прифатливо конзумирањето на алкохолни пијалоци од страна на мажите, а се осудува ваквото однесување на жените, алкохолизмот многу повеќе ги загрозува мажите. Од друга страна, голем процент од жените страдаат од сексуално преносливи болести, во општества каде се промовира промискуитет од страна на мажите, додека жените премолчно се дестимулираат да користат контрацепција или таа не е системски достапна.
Од друга страна, мажите и жените имаат различни здравствени потреби и здравствениот систем мора да води грижа за ова и да нуди соодветни услуги. Примарната здравствена заштита мора да биде лесно достапна за сите, што во Македонија се уште не е случај. Од друга страна постојат разлики меѓу половите и нивните здравствени навики што се одразува на животниот век. Така, додека жените во просек живеат 4 и пол години подолго од мажите, оваа разлика се намалува на 2 и пол години кај очекуваната должина на здрави години.