Можностите за напредување на работното место за мажите и за жените се исти

График од истражувањето Клучот за стаклената врата - Демистифицирање на проблемите на жените на пазарот на труд
Манипулација со графикот
Графикот може да се манипулира со клик врз параметрите прикажани во легендата. Со клик врз параметарот тој се “вклучува” или “исклучува”, односно се прикажуваат неговите вредности на графикот или пак се исклучуваат. Со тоа се овозможува полесно и прегледно воочување на разликите и промените во графиците.
Промена на вид на визуелизација
Со избор на опција од менито "Вид на визуелизација" истите податоци можат да се видат во различен графички приказ.
На графикот се претставени процентите на согласност со анкетното прашање, односно ставот " Можностите за напредување на работното место за мажите и за жените се исти"

Oд графикот се гледа дека мнозинството Македонци сметаат дека жените и мажите имаат идентични можности за напредување на своите работни места, односно дека успехот во кариерата не зависи од полот. Четвртина од населението сепак не смета дека е тоа така.

Прашалникот е спроведен во 2011 година на национален репрезентативен примерок од 1047 граѓани на РМ на возраст над 18 години. Од испитаниците нешто повеќе од половина (51.3%) се жени.

Доколку сакате да ги погледнете разликите во одговорите меѓу мажите и жените одберете визуелизација лента во долниот лев агол од графикот.