Просечно дневно користење на времето на економски неактивните лица

На графикот е прикажано просечното дневно користење на време на економски неактивните лица, односно лицата кои се неактивни на пазарот на труд (оние кои не се вработени и не бараат работа).

Од графикот се гледа дека значајни разлики во користење на времето меѓу економски неактивните мажи и жени постојат само во слободните активности и домашните обрски. Кога мажите не работат и не бараат работа тие поминуваат во просек речиси 2 часа повеќе на слободни активности и речиси 3 часа помалку на домашни активности од жените кои исто така не работат и не бараат работа.

Истражувањето е изведено на примерок од 2016 домаќинства кои континуирано се анкетирани во текот на целата година. Во анкетата се опфатени лица над 10 годишна возраст.

Просечна возраст при склучување прв брак

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2013 година, во споредба со претходната година, е намален за 0.1% и изнесува 13 982 склучени брака.

Најмногу бракови во текот на годината се склучени во месец август 11.9%, а најмалку во месец април 5.0%. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.0% за жените и 90.2% за мажите. Во втор брак со учество од 9.1% и трет брак со учество 0.7%,во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Просечната возраст при склучување на прв брак е 25.8 години за невестата и 28.6 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2013 година бележи зголемување од 6.2% во споредба со 2012 година и изнесува 2 045 разведени брака. Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август 2.4%, а најмногу во месец декември 10.0%.

Според возраста на сопругата најголем број на разводи, 19.5% се случиле во старосната група од 35-39 години, a за сопругот во старосната група од 30-34 години со учество од 19.1%.

Просечно дневно користење на времето на вработените лица

На графикот е прикажано просечното дневно користење на време на вработените лица.

Од графикот се гледа дека вработените жени во домашни обврски поминуваат во просек 2 часа и 4 минути повеќе од мажите, додека вработените мажи во слободни активности поминуваат во просек 96 минути повеќе во споредба со жените.

Просечно дневно користење на времето на невработените лица

На графикот е прикажано просечното дневно користење на време на невработените лица, односно оние граѓани кои немаат и активно бараат работа.

Од графикот се гледаат значајни разлики во користење на времето меѓу економски неактивните мажи и жени, и тоа не само во делот на слободните туку и во домашните активности. Кога мажите активно бараат работа, тие поминуваат во просек речиси 1,01 часа повеќе на слободни активности и речиси 2,98 часа помалку на домашни активности од жените кои активно бараат работа.

Просечен број на часови поминати на домашни активности во зависност од семејниот статус

На графикот е претставено просечното користење на време на домашни активности од страна на мажите и жените во Македонија во зависност од нивниот брачен статус (2014/2015). Под домашни активности се подразбираат грижа за деца, готвење, чистење, перење и пеглање, поправки, градинарство, како и одгледување и грижа за животни.

Од графикот се гледа дека без разлика на брачниот статус, жените кои се во врска и имаат мало дете (до 6 години),поминуваат значително поголем дел на домашни активности, разликата во искористено време на домашни активности изнесува 3 часа и 18 минути во просек на ден. Кај граѓаните кои (се уште) немаат деца, а се во пар, жените повторно бележат повеќе „потрошено“ на домашни активности, и тоа за 2 часа и 56 минути во просек на ден повеќе од своите партнери.