Јавни установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки [2011]

Апстракт

Статистичкиот преглед содржи податоци за јавните установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки според должината на дневниот престој и исхраната, потоа податоци за број на деца кои се корисници на партиципација, број на деца според возраста и полот, број на деца според занимањето на родителот - старателот, како и за број на деца според вработеноста на родителот.

Исто така, во рамките на детските градинки се опфатени и вработените според степенот на квалификацијата и според припадноста кон етничка заедница.

На крај, тука е и прегледот по општини, во кој се презентирани податоци за бројот на деца и групи според јазикот на кој се изведува дејноста, бројот на деца според возраста и полот, како и бројот на вработени според занимањето, како и табела по региони и по населени места.

Методологија

Податоците за јавните установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки се прибираат со редовно годишно истражување, со состојба на 30 септември. Податоците за јасли, градинки, комбинирани групи, деца со пречки во интелектуалниот или физичкиот развој, групи за вонинституционална форма на активност и други групи (престој и исхрана) се на ниво на јавната установа за деца - детска градинка и се однесуваат на календарската година.

Јавните установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на деца во согласност со нивните развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе видови групи.

Детските јасли ја вршат функцијата на комплетна нега и остваруваат одредено воспитно влијание врз децата на возраст до 2 години. Градинките (мала, средна и голема група) систематски се занимаваат со воспитание и образование на деца на возраст од 3 до 6 години. Комбинираната група на деца систематски се занимава со згрижување, воспитание и образование на деца на возраст од 12 месеци до 6 години.

За деца со пречки во интелектуалниот или во физичкиот развој сесметаат: слепи и слабовидни деца, глуви и наглуви деца, деца со пречки во говорот, деца со телесна инвалидност, како и деца со тешкотии во однесувањето и личноста. Згрижувањето и воспитанието на овие деца се организирани во редовните групи. Групите за вонинституционална форма на активност се наменети за деца на возраст од 3 години и тие опфаќаат игровни активности, креативни работилници, детски работилници од областа на културата и уметноста, спортски активности и слично.

Други групи (престој и исхрана) се групи што ги згрижуваат школските деца пред или по завршената настава во основните училишта во кои нема дневен престој. Во „Вкупно” не се прикажани податоците за овој вид групи.

Визуелизирани податоци за истражувањето