Анкета за користење на времето [2009]

Апстракт

Публикацијата “Користење на времето” ги презентира податоците од оваа област во Република Македонија. Во публикацијата се содржани статистички податоци од Анкетата за користење на времето, со референтен период 2009 година, спроведена од страна на Државниот завод за статистика.

Со Анкетата се добиени податоци за просечниот граѓанин и просечната граѓанка на Република Македонија и времето кое тој или таа го користи за подетални активности, но исто така и податоци кои претставуваат извор на значајни индикатори за креирање на политиката на работното време, растечкото учество на жената во работната сила, согледувањето на положбата на постарите граѓани, за целите на дневните патувања и видовите на транспорт, евиденција на застапеноста на културните и рекреативните активности и врз основа на тоа, креирање на некои аспекти на социјалната политика кои се однесуваат на семејството и половата структура.

Методологија

Податоците прикажани во оваа публикација се добиени врз основа на статистичко истражување "Анкетата за користење на времето" спроведено во 2009 година, на примерок од 2016 домаќинства кои континуирано се анкетираат во текот на целата година. Таа е прилагодена според препораките на EUROSTAT и применети се најновите промени во методологијата.

Анкетата е спроведена на целата територија на Република Македонија, при што беа опфатени сите лица на возраст од 10 години и повеќе, со цел да се утврди колку и на кој начин македонските граѓанини го користат времето или колку време поминуваат на работното место, колку на слободни активности, во домот, со пријателите, колку време користат за транспорт од една до друга локација и др.

Секое лице, покрај одговорите во прашалниците, пополнува и дневник за активности во текот на еден ден - 24 часа (еден ден од работната недела и еден ден од викендот).

Визуелизирани податоци за истражувањето