Студенти државјани на Република Македонија кои завршиле постдипломски студии

Жените кои се стекнале со титулата Магистер на науки во 2014 изнесуваат 59% од вкупниот број, посебен акцент се дава на областа на медицинските науки, каде што жените магистри сочинуваат дури 68% од севкупниот број, наспроти 38% на мажи.

Ученици во основните училишта во Република Македонија по учебни години

На графикот се претставени бројот на ученички и ученици во временскиот период од 2000 до 2015.

Податоците укажуваат на фактот дека се помалку деца се дел од основното училиште, со исклучок на малиот пораст во 2015. Тоа се должи на намалувањето на живородени во Република Македонија. Тоа говори во полза на теоретичарите кои ја застапуваат теоријата дека Република Македонија се повеќе станува стара држава, во смисла на просечните години на населението.

Намалувањето на децата во основнот образование е подеднавко и кај двата пола, но секогаш запишаните девојчиња се помалку за просечно 8000 лица. Слична ситуација се забележива и кај бројот на запишани во средно училиште.

Ученици во средните училишта во Република Македонија по учебни години

Во средните училишта во Република Македонија во периодот од 2000 до 2015 година во секоја учебна година се забележува поголем број на запишани ученици од ученички, а разликата помеѓу запишаните е најголема во учебната 2006/2007 година, кога се запишале 50 193 ученици и 44 352 ученички, односно 5 787 ученици повеќе од ученички.

Иако тенденцијата за поголем број на ученици во средните училишта во секоја учебна година е константна во споредба со оној на ученичките, интересно е тоа дека овaa тенденција не се забележува кај оние што го продолжуваат образованието на факултетите во Македонија. Имено, во периодот од 2000 до 2014 година во Македонија се забележува константно поголем број на студентки запишани на додипломски студии во споредба со оној на мажите.

Податоците се извадени од студијата „Жените и мажите во Република Македонија 2012“ која користи податоци од повеќе истражувања на ДЗС како што се: Анкета за работна сила, Анкета за користење на времето, Статистика за социјална заштита, Статистика за криминалитет, Витална статистика и миграции, Статистичко истражување за основното средното и високото образование, Попис на население 2002 и други.

Запишани студенти на додипломски студии во Република Македонија

Во периодот од 2000 до 2014 година во Македонија се забележува пораст на бројот на запишаните студенти на додипломски студии (со мало намалување по 2010 година), а забележителна е разликата помеѓу половите - низ годините бројот на запишаните жени студенти е константно поголем (во просек за 5000) од оној на запишаните мажи студенти. Најголема разлика се забележува во 2003 година, кога на факултетите се запишале 26505 студентки и 19965 студентки, односно 6540 студентки повеќе од студенти.

Растечката тенденција кај жените студенти се забележува и кај дипломираните студенти. Овие бројки се интересни кога ќе се споредат со , работоспособните вработени и долгорочно невработените жени, кои се со високо образование со сите категории и каде секогаш се во помал број од мажите.

Податоците се извадени од студијата „Жените и мажите во Република Македонија 2012“ која користи податоци од повеќе истражувања на ДЗС како што се: Анкета за работна сила, Анкета за користење на времето, Статистика за социјална заштита, Статистика за криминалитет, Витална статистика и миграции, Статистичко истражување за основното средното и високото образование, Попис на население 2002 и други.

Дипломирани студенти според научната област

На графикот се прикажани податоци за дипломираните студентки и студенти според научна област за 2010 до 2014 година.

На четири (општествени, хуаманистички, медицински и природно математички науки) од шесте научни области дипломирале повеќе студентки од студенти. Разликата е најголема на медицинските науки каде две третини од дипломираните се жени.

Дипломираните студенти, пак, се мнозинство во однос на дипломираните студентки на техничко-технолошките и биотехничките науки. Разликата е најизразена на техничко-технолошките науки каде дипломирале двојно повеќе мажи од жени.