Вработени според економскиот статус во РМ [1996-2014]

График од истражувањето Анкета за работната сила
Манипулација со графикот
Графикот може да се манипулира со клик врз параметрите прикажани во легендата. Со клик врз параметарот тој се “вклучува” или “исклучува”, односно се прикажуваат неговите вредности на графикот или пак се исклучуваат. Со тоа се овозможува полесно и прегледно воочување на разликите и промените во графиците.
Промена на вид на визуелизација
Со избор на опција од менито "Вид на визуелизација" истите податоци можат да се видат во различен графички приказ.
На графикот се прикажани вработените според економскиот статус, поделени по род во периодот 1996та до 2014та година. Економскиот статус подразбира вработен/а, работодавец/вка, вработен/а за сопствена сметка, неплатен/а семеен/семејна работник/чка.

Графикот е во вид на повеќеслоен столб, а со манипулацијата на видовите економски статус, може да се добие јасна слика за големите разлики помеѓу мажите и жените.

Мажите доминираат во секоја категорија на вработени, со исклучок на „неплатен/а семеен/семејна работник/чка“ каде женската популација е застапена во значително поголем број. Особено интересна е разликата помеѓу „работодавец“ и „работодавка“, каде мажите се застапени во трипати поголем број.

Примерокот за Анкетата за работната сила е дизајниран како стратифициран, ротационен, двоетапен случаен примерок. Анкетата се спроведува во вкупно 11250 домаќинства годишно, од кои 8750 домаќинства се анкетираат два пати во текот на годината, а 2500 домаќинства еднаш во текот на годината.