Фактот што жените се помалку застапени на раководни позиции е во најголема мера нивна лична вина

График од истражувањето Клучот за стаклената врата - Демистифицирање на проблемите на жените на пазарот на труд
Манипулација со графикот
Графикот може да се манипулира со клик врз параметрите прикажани во легендата. Со клик врз параметарот тој се “вклучува” или “исклучува”, односно се прикажуваат неговите вредности на графикот или пак се исклучуваат. Со тоа се овозможува полесно и прегледно воочување на разликите и промените во графиците.
Промена на вид на визуелизација
Со избор на опција од менито "Вид на визуелизација" истите податоци можат да се видат во различен графички приказ.
На графикот се претставени процентите на согласност со анкетното прашање, односно ставот " Фактот што жените се помалку застапени на раководни позиции е во најголема мера нивна лична вина."

Oд графикот се гледа дека мнозинството Македонци не се согласуваат со овој став. Третина од населението сепак смета дека е тоа така.

Прашалникот е спроведен во 2011 година на национален репрезентативен примерок од 1047 граѓани на РМ на возраст над 18 години. Од испитаниците нешто повеќе од половина (51.3%) се жени.

Доколку сакате да ги погледнете разликите во одговорите меѓу мажите и жените одберете визуелизација комбиниран график во долниот лев агол од графикот.