Вработени според економскиот статус во РМ [1996-2014]

На графикот се прикажани вработените според економскиот статус, поделени по род во периодот 1996та до 2014та година. Економскиот статус подразбира вработен/а, работодавец/вка, вработен/а за сопствена сметка, неплатен/а семеен/семејна работник/чка.

Графикот е во вид на повеќеслоен столб, а со манипулацијата на видовите економски статус, може да се добие јасна слика за големите разлики помеѓу мажите и жените.

Мажите доминираат во секоја категорија на вработени, со исклучок на „неплатен/а семеен/семејна работник/чка“ каде женската популација е застапена во значително поголем број. Особено интересна е разликата помеѓу „работодавец“ и „работодавка“, каде мажите се застапени во трипати поголем број.

Примерокот за Анкетата за работната сила е дизајниран како стратифициран, ротационен, двоетапен случаен примерок. Анкетата се спроведува во вкупно 11250 домаќинства годишно, од кои 8750 домаќинства се анкетираат два пати во текот на годината, а 2500 домаќинства еднаш во текот на годината.

Работодавци мажи и жени

На графикот се прикажани резултати од Анкетата на работна сила на Државниот завод за статистика од 1996 до 2014 година.

Од графикот може да се види дека бројот на мажи работодавци е константно поголем од бројот на жени работодавки, разлика која е тројно поголема од вкупниот број на жени работодавки. Трендот на зголемување (кој бележи и повремени падови) на бројот на работодавците и работодавките од 1996 до 2014 има и во двете групи но тој е поголем кај мажите, поточно, од 1996 до 2014 година, мажите работодавци во просек се за 72% повеќе од жените работодавки. Во 2013 година од вкупниот број на работодавци само 28.4% се жени, додека во 2014 година, овој процент се намалува за пет процентни поени и изнесува 23.4%.

Истотака може да се забележи дека бројот на мажи работодавци е подложен на подрастични осцилации (зголемувања и падови), додека кај жените не се забележуваат драстични промени тој е речиси константен, особено во последната декада.

Примерокот за Анкетата за работната сила е дизајниран како стратифициран, ротационен, двоетапен случаен примерок. Анкетата се спроведува во вкупно 11250 домаќинства годишно, од кои 8750 домаќинства се анкетираат два пати во текот на годината, а 2500 домаќинства еднаш во текот на годината.

Стапка на невработеност

Стапката на невработеност се пресметува како учество на бројот на невработените во вкупната работна сила.

Во табелата се претставени податоците за стапка на невработеност кај жените и мажите по годишен временски интервал. Од податоците зклучуваме дека стапката на невработеност кај жените речиси во сите години е поголемa од стапката на невработеност кај мажите. Само во 2003, 2011 и 2012 стапката на невработеност кај мажите била поголема од онаа кај жените.

Примерокот за Анкетата за работната сила е дизајниран како стратифициран, ротационен, двоетапен случаен примерок. Анкетата се спроведува во вкупно 11250 домаќинства годишно, од кои 8750 домаќинства се анкетираат двапати во текот на годината, а 2500 домаќинства еднаш во текот на годината.

Сличен график на темата на пазарот на трудот е Стапка на невработеност

Стапка на вработеност

Според препораките на Меѓународната организација на трудот (МОТ), стапката на вработеност се одредува како учество на бројот на вработените во работоспособното население на возраст од 15 години и повеќе, а според препораките на Европското статистичко биро (ЕВРОСТАТ), како учество на бројот на вработените во работоспособното население на возраст од 15 до 64 години

Графикот ни ја прикажува стапката на вработеност кај жените и мажите во временскиот интервал од 1996 до 2014. Стапката на вработеност кај жените во текот на годините билa значително помалa, за што збори и фактот дека низ текот на овие години стапката на вработени жени просечно е за 18 процентни поени помалa од стапката на вработени мажи.

Примерокот за Анкетата за работната сила е дизајниран како стратифициран, ротационен, двоетапен случаен примерок. Анкетата се спроведува во вкупно 11250 домаќинства годишно, од кои 8750 домаќинства се анкетираат двапати во текот на годината, а 2500 домаќинства еднаш во текот на годината.

Сличен график на темата на пазарот на трудот е Стапка на невработеност

Обесхрабрени лица кои не бараат работа

На графикот се прикажани податоци за обесхрабрените кои не бараат работа.

Бројките ни укажуваат дека мажите се во поголем број обесхрабрени за барање работа, но тоа не треба да не чуди со оглед на големиот број на жени кои се декларираат како неактивни.