Родот и економијата

Положбата на жените на македонскиот пазар на труд укажува на голема родова нееднаквост, која често погрешно се препишува на традиционалната улога на жената во општеството наместо да се препознае како системска дискриминацијата.

Иако стапките на невработеност се слични како и кај мажите, неповолната положба на жените на пазарот на труд се гледа во тоа што една од две жени учествува во работната сила, во споредба со двајца од тројца мажи; само една од три жени е вработена, споредено со еден од двајца мажи; а и кога работат, жените заработуваат во просек нешто помалку од 80% од мажите.

Разликите помеѓу мажите и жените на пазарот на трудот јасно се гледаат и во тоа што жените значително помалку се наоѓаат на раководни позиции, со тоа што 75% од менаџерите се мажи. Состојбата е слична и во раководните тела во приватниот сектор: жените учествуваат со помалку од една четвртина во раководните тела на најголемите компании во државата, и со само 17.5% во управните тела на акционерски друштва.