За нас

Реактор - Истражување во акција е непрофитна истражувачка организација посветена на поддржување на процесот на европска интеграција на Република Македонија, преку обезбедување навремени и релевантни истражувања, предлози за алтернативни политики основани на тие истражувања и активно работење со заедницата на политички актери.

Областите во кои вршиме истражувања се Родова еднаквост, Млади и Урбан развој. Tимот на истражувачи на Реактор е посветен на придонсеување кон процесите на креирање политики на локално и централно ниво, преку поттикнување дебати и дискусии на прашања што се релевантни за македонските граѓани. Ова го постигнуваме со објавување на извештаи и студии во кои ги анализираме подотаците собрани преку теренски и деск истражувања и нудиме конкретни и истражени решенија. Во таа насока, нашата организација е посветенa на постигнување на следниве цели:

  • обезбедување точни, навремени и независни податоци за состојбите во Република Македонија и нивно анализирање;
  • подигнување на свеста за значењето на одредени тематски области и поттикнување процеси за креирање политики за нивно уредување и унапредување;
  • надгледување и оценување на процесите на креирање политики; и
  • поддршка на процесот на европска интеграција на Република Македонија
Манипулација со графикот
Графикот може да се манипулира со клик врз параметрите прикажани во легендата. Со клик врз параметарот тој се “вклучува” или “исклучува”, односно се прикажуваат неговите вредности на графикот или пак се исклучуваат. Со тоа се овозможува полесно и прегледно воочување на разликите и промените во графиците.